Тимот предводен од Кире Лазаров продолжува без пораз во Супер лигата, славеше на гостувањето кај Охрид со 29:22 и со новите два бода се зацврсти на првата позиција на табелата, додека „гладијаторите“ остануваат на 16 бода.
Како што се очекуваше, натпреварот започна со борбена игра на двете страни, домаќините беа тие кои први поведоа, потоа се играше гол за гол, а по нерешените 7:7, тимот на Кире Лазаров започна да се одлепува, до крајот на првото полувреме водеше со еден до три гола разлика. Предводници во нападот на гостите беа Митев и Серафимов, двајцата постигнаа вкупно девет гола во првиот дел. По 30 минути игра резултатот беше 16:14 во корист за гостинот.
На стартот на вториот дел гостинот со два гола во низа дојде до 17:14, имаше напад и за плус три, но голманот Ѓорѓески го одбрани ударот на Ѓорѓиев, а потоа реализираше Пешиќ за минус два, 17:15. Она што домаќините не го направија на стартот на вториот дел, го остварија во 36 минута кога Цирар од пенал го совлада Галевски за минус еден, 18:17.
Охрид наместо да израмни во 40 минута, дозволи гостинските ракометари со мини серија да дојдат до 21:18, па тренерот на домаќините Стевче Алушовски мораше да го искористи вториот тјам-аут. Тимот од Автокоманда продолжи да реализира и во 45 минута имаше плус шест, 23:18.
До крајот гостите водеа, играа лесно, се разбрани Галевски и веќе во 50 минута при нивно водство од 25:20, беше јасно дека бодовите ќе заминат во Автокоманда.
Мартин Серафимов имаше свој ден, натпреварот го заврши со 12 гола, кај домаќините најефикасни беа Иван Тасески, Живан Пешиќ и Гал Цирар, сите тројца имаа по четири гола.