„Сините“ од Автокоманда се мачеа едно полувреме со Струга, но на крај славеа убедливо

Македонскиот вицепрвак оствари победа во натпреварот од петтото коло од Супер лигата, откако на домашен терен во Автокоманда славеше против Струга со 38-18. Иако во првиот дел стружани парираа одлично и имаа реми на паузата, имаа голем пад во играта во второто полувреме и тоа беше искористено од домашните за висок триумф.

Домашните отворија добро, поведоа со 5-2, па 7-4, но упорните стружани не мислеа да се откажат. Рикановиќ бранеше одлично, Тренчевски им правеше многу проблеми на „сините“ и Струга се врати во егал, 9-9.

Одличен реализатор на пеналите за гостите беше Јанкуловски, па Струга поведе во последнат минута од првиот дел, 13-12. Домашниот стратег мораше да бара тајм-аут, и неговите момци израмнија на 13-13, резултат со кој се отиде на пауза.

На стартот на вториот дел гостите направија неколку грешки во серија, голманот Трајкоски им одбрани неколку удари и домаќините се одлепија на плус три, 17-14. Како одминуваше времето, така предноста само се зголемуваше.

По третото исклучување на десет минути до крајот, Стојковиќ доби црвен картон, но тоа не беше никаков проблем, бидејќи тимот од Автокоманда водеше со 30-18 во тој момент. Двајцата тренери им дадоа шанса на сите ракометари до крајот на мечот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Александар Петковски со седум, Иван Џонов и Дарио Кофилоски со по пет погодоци, додека кај Струга се истакнаа Мерис Бошњак и Александар Тренчевски со по пет реализации.

Во следното коло тимот од Автокоманда му гостува на Куманово, додека Струга ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613