Симовски прозиваше, младинките започнаа со подготовки за ЕП 2025

Женската младинска репрезентација на Македонија ги започна подготовкитеза настап на Европското првенство во Црна Гора.

Селекторот Симе Симовски смета на 25 ракометарки меѓу кои се Михаела Кралева, Исидора Котевска, Леона Миленкоска, Таида Беровиќ, Софи Гошевска…кои веќе имаат едно големо натпреварување зад себе.

Европското првенство стартува на 9 јули, а ќе трае до 20 јули, а за разлика од машкото ЕП лани, сега првите две селекции од секоја група ќе продолжат во главната рунда.

Македонија е во група со силната Унгарија, како и со незгодните Полска и Чешка, а првиот натпревар го игра на 9 јули против Унгарија.