Симова Василева со нов интернационален предизвик – ќе игра во Грција!

Македонската интернационалка Симона Василева во вториот дел од сезоната ќе има нов предизвик на меѓународна сцена.

По настапите за босанскиот Груде, Василева одлучи интернационалната кариера да ја продолжи во Грција.

Таму ќе биде дел од амбициозниот второлигаш Атинаикос, клуб во кој пред извесен период пристигна Теодора Стаменкова, а во Грција настапува и Марија Николовска.

Василева, која може да одигра на сите бековски позиции, потекнува од школата на Металург, таму ги мина сите младински категории, потоа настапуваше уште за неколку домашни клубови.

Беше дел од Спартак, Вардар, Ѓорче Петров…а најголемиот успех го постигна во сезона 2021/22 и 2022/23 кога со Ѓорче Петров ја освои титулата во домашниот шампионат.