Симона Василева се враќа во БиХ

Македонската интернационалка Симона Василева повторно ќе го носи дресот на босанскиот клуб Груде, откако во вториот дел од изминатата сезона настапуваше во Грција.

Василева беше дел од екипата на Атинаикос, со која обезбеди историски пласман во најсилната грчка лига и со одличните партии се наметна како една од клучните ракометарки на тимот.

За Македонката, Груде има посебно значење, бидејќи токму таму го започна својот прв интернационален предизвик.

На домашната сцена таа настапуваше за Ѓорче Петров, Вардар, Спартак и Металург, а со Ѓорче Петров освои две шампионски титули (2021/22 и 2022/23).

Во Босна и Херцеговина настапува уште една македонска интернационалка, Ангела Костовиќ, која е дел од Крајина Чазин.