Досегашната членка на Вардар, Симона Василева, од ова лето ќе има нов предизвик во кариерата.
22-годишната ракометарка, која може да игра на сите бековски позиции, се сели во Босна и Херцеговина, каде што потпиша договор со шампионот Груде.
Василева потекнува од составот на Металург, со кој играше во младинските категории, потоа беше дел од Спартак, пред да се пресели во Ѓорче Петров.
По настапите за шампионот, Василева минатата сезона ја одигра во составот на Варддар, со кој стигна до Ф4 во Купот на Македонија.
Тимот на Груде покрај настапите во домашниот шампионат, ќе игра и во Европскиот Куп, каде ќе се сретне со кипарскиот состав Атинеау.