Македонската репрезентативка Симона Маџовска останува во позната средина и претстојната сезона.
Таа ја продолжи соработката со германскиот тим Цвикау и за сезоната 2024/2025 и ќе биде меѓу главните алки во бундеслигашот и понатаму.
Левиот бек го носи дресот на Цвикау го носи веќе пет сезони, а претходно една сезона мина во Некарсулмер.
Битолчанката во Македонија беше дел од екипите на Металург и Феникс, а играше и за грчкиот ПАОК Солун.