Поранешната македонска репрезентативка Симона Маџовска, го одигра последниот натпревар во играчката кариера.
Откако во Битола ја заврши и репрезентативната кариера на мечот меѓу Македонија и Полска од баражот за СП 2025, таа настапи последен пат и на клупски план.
Нејзиниот последен клуб Цвикау ја доби серијата против Баер Леверкузен, а Маџовска му помогна на тимот да избори опстанок во елитната конкуренција во Германија.
Маџовска потекнува од Феникс Битола, настапуваше за Металург пред да ја започне интернационалната кариера која ја градеше во грчкиот ПАОК, па германскиот Некарсулмер и од 2019 беше дел до Цвикау.
Битолчанката е среќна што ја заврши кариерата во Цвикау.
„Секоја приказна има свој крај – благодарна сум и среќна сум што мојата ракометна приказна завршува овде, на местото каде што се чувствувам како дома“, изјави Маџовска.
По мечот, клубот и се заблагодари за се што има направено за Цвикау.