ФОТО: РК Мелсунген

Симиќ: На секој натпревар давам 100%, така ќе биде и против Вардар

Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Роберо Гарсија Парондо, утре во Скопје против „црвено-црните“ ќе атакува на 6-ти триумф во Лигата на Европа.

Иако за Мелсунген, како и за Вардар, утрешниот натпревар нема никакво значење, од таборот на бундеслигашот посакуваат да продолжат со максималниот ефект на европска сцена.

Голманот Небојша Симиќ истакна дека натпреварот против Вардар ќе биде добра прилика за Мелсунген да се рехабилитира по неочекуваниот пораз од Ајзенах во домашниот шампионат.

,,По поразот од Ајзенах, сега сакаме да им се вратиме на победничките патики. Без разлика на кој натпревар, јас секогаш давам 100 % и истото ќе го направам и против Вардар. Има и неколку млади играчи на кои сакаме да им дадеме поддршка за да можат да се претстават во добро светло на европска сцена”, изјави Симиќ.

Утрешниот дуел меѓу Вардар и Мелсунген ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Парондо без попуст за Вардар