Симиќ блесна и со 17 одбрани го откажа Кристијанштад!

На вториот дуел од групата на Вардар, меѓу Мелсунген и Кристијанштад, победата ја однесе бундеслигашот, иако шведскиот состав долго време парираше и имаше предност.

На крајот момците на Парондо славеа со 33-29, најмногу по заслуга на голманот Небојша Симиќ кој запиша 17 интервенции и покажа дека повредата е минато. Кристијанштад водеше и со три гола во првиот дел, а на пауза замина со плус еден, 18-17.

Иста предност имаше и кон средината на второто полувреме, но Мелсунген навреме заигра подобра одбрана, Шеферт со двата гола во последната минута стави точка на мечот.

На табелата, сега Мелсуген е прв со обезбедено најмалку осминафинале, додека Вардар, Бенфика и Кристијанштад имаат по два бода.

Победи забележаа и екипите на Монпелје, Архус и Хановер.

Лига на Европа, главна рунда, 1 коло, резултати:

група 1
Фленсбург – Кил 30-32
Монпелје – Бидасоа Ирун 38-33

група 2
Елверум – Гранољерс 37-28
Порто – Архус 28-33

група 3
Мелсунген – Кристијанштад 33-29
Бенфика – Вардар 40-35

група 4
Фредериција – Кадетен Шафхаузен 30-32
Хановер – Нексе 34-28