Францускиот ракометар Ноа Годен, кој неодамна премина од данскиот Скјерн во редовите на францускиот гигант ПСЖ, реши на симболичен и топол начин да се збогува со клубот и градот во кој настапуваше последните сезони.
Годен, кој игра на позицијата лев бек, ја реализираше најголемата продажба во историјата на клубот од Скјерн со трансферот во Париз.
Но, пред заминувањето, направи мал гест на благодарност – во станот што го напушти, на масата остави дрес од ПСЖ со својот автограм – подарок за идниот станар.
Според данските медиуми, Годен живеел во центарот на Скјерн и уживал голема симпатија од локалните навивачи и заедницата. Овој симболичен подарок е уште еден доказ за неговата скромност и почит кон клубот и градот кој му беше дом.