Играше за Вардар, Фленсбург, Ла Риоха…сега се врати во татковината

Словенечкиот кружен напаѓач Домен Сикошек Пелко во новата сезона по подолго време ќе заигра во татковината.

Некогашниот вардарец по шест години играње во странство и седум клуба, реши да се врати во еден од клубовите каде што играше на почетоците – Кршко.

Сикошек Пелко, кој има 27 години, започна во Брежице, потоа играше за Кршко и Добова, па за Тримо Требње, пред да замине во австрискиот Брик.

Следуваше трансфер во Вардар во сезоната 2019/20, во следната сезона играше во Бундес и Асобал лигата, за Фленсбург и Ла Риоха.

По една сезона настапуваше за швајцарскиот Криенс Луцерн, кипарскиот Анортозис Фамагуста и унгарскиот Балатонфуреди, каде му го отстапи местото на Денис Василев ова лето.