Сигурдсон: Тестот со Македонија ќе ни биде добра подготовка за СП

Хрватска ќе биде еден од ко-организаторите на Мундијалот 2025, па така „коцкестите“ ќе имаат прилика да се претстават во добро светло пред своите навивачи.

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, за хрватските медиуми зборуваше за втората фаза од подготовките, во која неговите избраници ќе одиграат пријателски дуел со Македонија и Словенија.

Хрватска при крајот на месец декември тестираше со Италија, но Сигурдсон очекува последните две контролки да бидат добра подготовка за она што претстои на СП.

,,Натпреварот против Италија беше добар, можеме многу да научиме од него, но мора многу да научиме и од Олимписките игри. Имаме уште два подготвителни натпревари со Македонија и Словенија. Нашата главна цел е да се подготвиме што е можно подобро за да бидеме психички и физички подготвени за СП. Се надевам дека навивачите ќе нè поддржат, на играчите им е потребна поддршка. Иако можеби не сме најголеми фаворити на Мундијалот, мислам дека може да биде одлично доколку има синергија меѓу играчите и навивачите”, изјави Сигурдсон за „24 Сата“.

Избраниците на Сигурдсон за ривали во групната фаза ги имаат репрезентациите на Египет, Аргентина и Бахреин.