Final - Croatia vs Denmark, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 02.02.2025, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Сигурдсон сам се нудел да биде селектор на Хрватска

Ракометарите на Хрватска на Светското првенство 2025 се бореа за златото и настапот на Мундијалот го завршија како второпласирани.

Хрватска по пауза од речиси пет години повторно стигна до медал на големите натпреварувања, а најголемата заслуга за големиот успех оди на сметка на исландскиот стратег Дагур Сигурдсон.

Исланѓанецот клупата на ,,коцкестите” ја презеде во месец февруари минатата година и по завршениот Мундијал изјави дека останува на селекторската функција.

Дали Хрватска, да не беше Сигурдсон, би го имала успехот на штотуку завршеното Светско првенство е голема непознаница.

Претседателот на ХРС, Томислав Граховац, во интервју за ,,Медиа Сервис” откри дека Сигурдсон сам им се понудил за селектор на Хрватите.

На нас не ни беше тешко да го донесеме Дагур Сигурдсон за селектор, тој едноставно праша дали може да биде селектор на репрезентацијата

Сигурдсон и неговите избраници по освоеното сребро имаа спектакуларен пречек во Загреб.