Прв ривал на Македонија во пријателските натпревари пред Европското првенство ќе биде светскиот вицепрвак Хрватска во Пореч.
Хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон го најави стартот на подготовките и пријателските натпревари против Македонија и двата против Германија во Хановер и Загреб.
„Првиот дел ќе биде краток, ударниот дел подготовки ќе биде после Нова Година. Сакавм да видам во каква форма се играчите, да провериме што можеме да добиеме ново до вториот дел на подготовките. Мора да го искористиме овој период да влеземе во ритам, за да бидеме подготвени кога ќе започне турнирот. Моите очекувања се дека мора да бидеме подготвени. Европското првенство е квалитетно и опасно натпреварување, се може да се случи, и тоа е голем предизвик. Конкуренцијата е силна, секој меч е важен, посебно отворањето и начинот на кој треба да го фатиме ритамот“, изјави Сигурдсон.
Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска ќе се игра во салата „Жатика“ во Пореч утре од 20:30 часот.
























