Репрезентацијата на Хрватска, која го освои сребрениот медал на Светското првенство 2025, доби нов капитен.
Тоа ќе биде десниот бек Иван Мартиновиќ, кој ќе ја наследи капитенската лента од Домагој Дувњак.
Како што е познато, легендарниот Дувњак реши да ја заврши репрезентативната кариера, па така селекторот Дагур Сигурдсон мораше да одлучи кој ќе ја има капитенската улога во иднина.
,,Иван Мартиновиќ ќе биде новиот капитен, задоволен сум од него, тој е подготвен за овој предизвик, тој е совршен за капитен, вистински професионалец и играч од светска класа. Почнува нова ера и тој ќе биде новиот лидер. Тимот ќе го следи и има целосна поддршка”, изјави Сигурдсон за хрватскиот портал Net.hr
Најголемиот дел од Хрватите очекуваа дека нов капитен ќе биде Лука Циндирќ, но Сигурдсон се одлучи за Мартиновиќ.