Сигурдсон: Македонија е силна репрезентација

Машката репрезентација на Македонија утре ја очекува пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска, еден од домаќините на СП 2025.

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, истакна дека е задоволен од залагањето на неговите избраници во подготвителниот период.

,,Се уште работиме и тренираме, играчите тренираат одлично. Она што го тренираме, треба да го покажеме на теренот, односно на натпреварот, бидејќи тоа е огледало на работата. Ова е еден процес и сакам да видам напредок”, вели Сигурдсон.

Искусниот стратег од Исланд имаше пофални зборови за македонската репрезентација.

„Македонија е силна репрезентација, игра многу добро со пивоти и ќе ни биде предизвик да се браниме. Ни треба и поддршка, особено ако започнеме лошо. Не сме најголеми фаворити на Светското првенство, но можеме да победиме било кој, сигурен сум во тоа“, изјави Сигурдсон.

Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Хрватска се игра во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:15 часот.

Мараш: Го знам менталитетот на Македонците и каква традиција имаат – не чека добар натпревар