Хрватска загуби од Германија со 31-28 во полуфиналниот натпревар на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Иако финишот го направија интересен, сепак „коцкестите“ немаа големи шанси против расположениот Волф на германскиот гол.
Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, вели дека главната разлика на овој меч ја направија голманите.
„Германија одигра многу добар натпревар. Ние одигравме одлично прво полувреме. Разликата беше преголема во играта на голманите. Кога влезе Кузмановиќ, успеавме да извршиме притисок врз нив. Но, тие со Мандиќ се двајца млади голмани и ќе научат од овој натпревар. Во второто полувреме беше малку хаотично. Моравме почесто да менуваме играчи и во одбраната и во нападот, а играта седум на шест не функционираше најдобро. Првото полувреме беше одлично, го контролиравме ритамот, но потоа стана тешко кога постојано бевме неколку гола во негатива“, изјави Сигурдсон.
На германскиот гол, Волф запиша 14 интервенции, додека Мандиќ имаше една, а Кузмановиќ седум на хрватскиот гол.
Германија ја сруши Хрватска и по десет години ќе игра за злато!


























