Си плати дел од оштетата од 400.000 евра за да оди во великан!

Најдобриот стрелец на Бундес лигата од минатата сезона, Марко Гргиќ, го реализираше преминот од Ајзенах во освојувачот на трофејот од Лигата на Европа, Фленсбург,

Иако првично беше планирано Гргиќ да остане уште една сезона во Ајзенах, ситуацијата доби неочекуван пресврт – трансферот се реализираше веднаш, бидејќи Фленсбург остана без Мадс Менса Ларсен.

Според повеќе германски медиуми, трансферот не бил ни малку едноставен – се спомнува рекордна сума од околу 400.000 евра, а дел од отштетата наводно ја покрил самиот Гргиќ, покажувајќи ја јасно својата решителност да направи голем чекор во кариерата.

„Дел од отштетата ја платил самиот Гргиќ – тоа е навистина силна порака“, пишува Handball-World.

Гргиќ неодамна дебитираше за сениорската репрезентација на Германија, и тоа на големата сцена – Олимписките игри во Париз, каде што со националниот тим освои сребрен медал.

И покрај интересот од Барселона, Рајн Некар Ловен, Хановер и Фуксе Берлин, 23-годишниот бек избра да ја продолжи кариерата во Фленсбург – клуб со сериозни амбиции и богата европска традиција.