Шведскиот селектор задоволен: Имаме интересна група, очекувам одлична атмосфера во Македонија

Машката репрезентација на Македонија ќе игра против Шведска, Грција и Луксембург во квалификациите за ЕП 2028 година.

Селекторот на Шведска, Михаел Апелгрен не го криеше задоволството од исходот и вели дека убаво е да се игра и против селекциите со кои не играат често.

„Можевме да добиеме и потешка група, но ова е интересна група. Очекувам одлична атмосфера, особено во Македонија и Грција. Убаво е да играме и против селекции со кои не сме се среќавале често во последните години“, изјави Апелгрен.

Натпреварите меѓу Македонија и Шведска ќе се играа во март 2027, најпрво на наш терен, а потоа и во скандинавската држава.