Шведски арбитри за Македонија и Унгарија

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло на Мундијалот.

Македонската репрезентација ќе се соочи со фаворизираната Унгарија во Вараждин, а судиите ќе бидат од Шведска.

Станува збор за Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, додека делегати на ИХФ ќе бидат Рац од Швајцарија и Ранко од Шпанија.

Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија ќе се игра вечерва во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот.