Шведска во топ форма пред ЕП, ја торпедираше и Полска

Репрезентацијата на Шведска, која е еден од ривалите на Македонија на ЕП, убедливо ја совлада Полска на претпоследниот тест пред настапот на континенталниот собир.

Швеѓанките, кои претходно двапати славеа против Шпанија (40:24, 40:28), денеска ја торпедираа и Полска триумфирајќи со 38:22.

Токму Шведска е прв ривал на Македонија на Европското првенство, натпреварот против скандинавската репрезентација „црвено-жолтите“ ќе го одиграат на стартот, односно на 28 ноември.

Словачка на пријателски натпревар ја совлада Украина со 30:28 покажувајќи дека е во добра форма пред ЕП.

Во рамки од Златната лига, Норвешка ја победи Холандија со 33:21, додека Данска немаше проблеми против Романија, ја победи со десет гола разлика, 35:25.

Македонија со пораз патува на ЕП