Една од најдобрите шведски ракометарки во последните две децении, Изабел Гулден, од следното лето ќе биде главен тренер на Савехоф. Оваа 36-годишна поранешна репрезентативка ја презема целосната одговорност за тимот, откако оваа сезона работи како помошник-тренер во клубот.
Гулден ја започна тренерската етапа токму во средината каде што ја изгради својата кариера. Савехоф е клубот во кој израсна како играч и каде што настапуваше од 2007 до 2011 година, пред да ја продолжи својата успешна кариера низ Европа.
Во својата богата играчка кариера, Гулден настапуваше во Данска, Романија, Франција и Норвешка, а зад себе има повеќе од 220 настапи за репрезентацијата на Шведска. Долги години беше лидер на националниот тим и едно од најпрепознатливите имиња на европската сцена. Играчката кариера ја заврши во 2024 година, по што веднаш се насочи кон тренерската професија.
Покрај клупскиот ангажман, Гулден беше дел и од стручниот штаб на женската репрезентација на Шведска во периодот 2023-2024, што дополнително го збогати нејзиното тренерско искуство.
„Многу сум горда и среќна што ја добив оваа можност. По една година како помошник-тренер добро го запознав тимот и верувам во неговиот потенцијал“, изјави Гулден по потврдата на новата улога.
























