Eден од домаќините на Европското првенство, Шведска, славеше на првиот пријателски натпревар пред континенталниот собир.
Швеѓаните славеа на домашен терен против Бразил со 34-27, откако и по првиот дел имаше водство со 14-13.
Најдобри стрелци кај победникот беа Клар со седум гола, како и Карлсон и Ване со по пет погодоци, додека кај Бразил, Боргес даде шест.
Овие две репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски натпревар на 7 јануари, а тоа ќе биде генерална проба пред ЕП за Шведска.
Во Москва се игра турнир „Купот на пријателството“, а на првиот дел Белорусија и Русија запишаа убедливи победи.
Пријателски натпревари, резултати:
Белорусија – Кина 34-22
Русија А – Русија Б 41-26
Шведска – Бразил 34-27


























