Селекцијата на Шведска е нов кадетски шампион на Европа, откако славеше во финалниот натпревар по 70 минути игра и продолженија со 37-36.
На полувремето шведските кадети водеа со пет гола, 17-12, но во вториот дел следуваше камбек на Данците за големи возбудувања во финишот.
Ова е трета титула за Шведска во оваа конкуренција, по оние во 1997 и 2018 година, а МВП на турнирот беше шведскиот репрезентативец Никола Рогановиќ. Тој е син на Зоран Рогановиќ, некогашниот селектор на Црна Гора, но настапува за Шведска.
Унгарија го освои бронзениот медал на Европското првенство откако го совлада Исланд исто така по продолженија со 36-34.
Македонската репрезентација заврши на 19 место откако ја победи Грција со 26-24 во натпреварот за пласман.