Иако селекторот Глен Солберг го планираше, Андреас Нилсон нема да биде дел од составот на Шведска на Олимписките игри.
Нилсон му откажа на Солберг поради приватни причини, но веднаш беше повикана замена за искусниот кружен напаѓач.
Тоа ќе биде Феликс Мелер, кој ова лето прави трансфер од шведскиот Савехоф во данскиот првак Алборг.
Пред да му се приклучи на новиот клуб на подготовките, Мелер ќе има друг предизвик со националниот тим.
Нилсон, пак, по долго време во унгарскиот гигант Веспрем, се враќа во татковината и ќе го носи дресот на шведскиот Онеред.