Еден од ривалите на Македонија на претстојното Европско првенство во Германија, селекцијата на Швајцарија, остана без еден од најдобрите ракометари.
Кружниот напаѓач Самуел Ретлисбергер, кој настапува за Штутгарт, се повреди на натпревар од Бундес лига и ќе мора да паузира.
Тој има оштетување на лигаментите на дланката и ќе биде неизбежна операција за да биде санирана повреда, а рехабилитацијата ќе трае скоро два месеци.
Селекторот Михаел Сутер на списокот не го стави ниту бекот Димитриј Кутел, кој заработи повреда на коленото.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра на 16 јануари во Берлин и многу веројатно ќе одлучува за третото место во групата.