Селекторот на Швајцарија, Михаел Сутер, го објави скратениот список на ракометари пред стартот на подготовките за Европското првенство во Германија.
Сутер смета на 20 ракометари за подготовките – 11 од домашното првенство и девет од најсилната лига во светот, Бундес лигата.
Швајцарците тргнуваат со тренинзи на 27 декември, а пред настапот на „Жолтиот Куп“ против Босна и Херцеговина, Аргентина и Романија, составот ќе биде намален за двајца ракометари.
Првата ѕвезда и најдобар стрелец во Лигата на Европа, Енди Шмид, ќе биде во ростерот, а тука е голманот Никола Портнер од европскиот шампион Магдебург.
На списокот го нема Дмитри Кутел од Кадетен Шафхаузен, кој отпадна од комбинација за ЕП поради повредата на левото колено. Туновски и Реми се исто така повредени, но би требало да бидат спремни за континенталниот собир.
Швајцарија е ривал на Македонија, и ривал против кој мора да се забележи победа за да имаме шанси да влеземе во првиот шешир за баражот за СП. Тој меч се игра на 16 јануари, а во групата се уште и великаните Германија и Франција.