Женската репрезентација на Швајцарија, која е еден од домаќините на ЕП 2024, обезбеди место во главната рунда на континенталниот собир, откако славеше против Хрватска со 26-22.
Домаќинките играа одлично, водеа со 16-7, но до паузата избраничките на Обрван намалија на минус шест, 16-10. Во второто полувреме стигнаа и до минус три, но кога требаше да го зададе последниот удар немаше сили.
Швајцарките ги казнија сите грешки на Хрватките, кои се враќаат дома без победа со едно реми и два порази.
Покрај домаќинот Швајцарија, во главната рунда одат и Германките, кои лесно славеа против Исланд со 30-19, како и Романките, кои по поразот на Чешка од Црна Гора со 28-21, го освоија второто место во групата и се пласираа во ТОП 12.