Шутираа 26 пенали за да има победник: Извиѓач е последниот полуфиналист во ЕХФ Купот!

Босанскиот Извиѓач Љубушки е последниот полуфиналист во ЕХФ Европскиот Куп, откако загуби со 44-40 кај чешката Карвина во реваншот од четвртфиналето, по ударите од седум метри. Се шутираа дури 26 пенали!

Карвина имаше се во свои раце, водство од осум гола во неколку наврати, но го заврши мечот со 34-29, разлика од пет гола со која Извиѓач славеше на првата средба, 37-32, па мораше да се шутираат пенали.

Во финишот на натпреварот, најдобриот играч на Извиѓач, Диано Ќешко, доби црвен картон, па тоа беше дополнителен проблем за босанскиот тим.

Двете екипи шутираа дури 26 пенали, а во првата серија од пет пенали, промашија по еднаш, потоа двете екипи стрелаа прецизно по пет пати. Клучна беше 13 серија, кога Мишетиќ беше прецизен за 44-40, а потоа голманот Кнежевиќ одбрани. Тоа беше негова прва и последна одбрана на мечот.

Петмината голмани кои беа пријавени за овој меч, сите заедно собра само четири интервенции!

Ривал на Извиѓач Љубушки во полуфиналето ќе му биде унгарската Татабања, додека во второто полуфинале ќе играат македонскиот Охрид и словенечкиот Целје.