Шулески за трансферот во Битола: Знам во каков клуб доаѓам

Meѓу десетте нови имиња во суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 е младинскиот репрезентативец Славчо Шулески.

Стружанецот вели дека не размислувал многу кога стигнал повикот од Битола и замина од Кавадарци, каде играше претходните две сезони.

„Лесно го прифатив повикот да дојдам во Еурофарм Пелистер 2. Знам во каков клуб доаѓам, со каква традиција и се надевам дека оваа сезона ќе се бориме и ќе се докажуваме. Очекувам добра сезона и се надевам ќе стигнеме до плеј-офот. Играчите добро ме прифатија, сакам да ги оправдам очекувањата за мене во Битола“, изјави Шулески.

Покрај него дојдоа Јован Даневски (Тиквеш), потоа Баптист Одифред (Даипо Стип, Јапонија), Илија Илијевски (Вардар Неготино), Мелин и Алдин Фехми, Иван Велески, Леонид Лозановски, Лука Ѓорѓиевски, Андреј Дамчевски и Стефан Лазаревски кои дојдоа од младинската екипа.