Шулески ја водеше Македонија до реми и стана МВП против „коцкестите“

Машката репрезентација на Македонија со одличната игра во последните дваесетина минути од мечот со Хрватска, успеа да се избори за голем бод, 24-24.

Најдобри стрелци во нашата селекција беа Узунчев и Шулески со по шест гола, но средниот бек беше клучниот играч што ја поведе Македонија кон камбек од големата негатива.

Тој постигна неколку голови во серија, хрватската одбрана имаше големи проблеми со него и заслужено го понесе епитетот МВП на натпреварот.

Македонија има големи шанси да се пласира во ТОП 8 односно во главната рунда, а последниот натпревар од групната фаза го игра против Австрија в сабота од 14:20 часот.

Храбрата Македонија освои голем бод против големата Хрватска!