Што велат математиките – на Еурофарм Пелистер му треба чудо за осминафинале во ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го очекува гостувањето кај Фуксе Берлин во рамките на 13 коло од Лигата на шампионите, но за место во осминафиналето ќе му треба чудо.

Откако Висла Плоцк го совлада на гостински терен Динамо Букурешт, се замрсија работите во групата А. Романскиот првак остана на петтото место поради подобриот меѓусебен дуел со Висла (28-26, 26-27), но полскиот шампион има исто толку бодови – десет на шестото место.

Математиките за пелистерци кои имаат осум бода, се следни – мора да освојат најмалку три бода во пресметките со Фуксе Берлин и ПСЖ, но и да се надеваат на пораз на Висла Плоцк дома од Спортинг Лисабон или на Динамо Букурешт на гости кај Фредериција.

Еурофарм Пелистер има послаб меѓусебен дуел и со двете екипи. Со Динамо Букурешт (34-25, 24-25) и со Висла Плоцк (24-18, 18-21), а битолчани се најслаби и на мини табелата од трите екипи во случај сите да имаат по десет бодови на крајот.

Затоа рецептот за битолчани е едноставен ако сакаат во осминафинале мора да слават против едниот фаворит, и да освојат најмалку бод против другиот.

Натпреварот против Фуксе Берлин се игра утре од 20:45 часот, додека оној против ПСЖ е на програмата на 6 март од 20:45 во Битола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123