ШТО НИ ТРЕБА ЗА ТОП 12: Еве како Македонија може да главна рунда на ЕП!

Македонија успеа да остане непоразена на мечот со Португалија, 29-29, иако немавме среќа по двете одбрани на Томовски во финишот да ја задржиме топката во нашите раце и да организираме напад за победа.

Но и бодот ја остава Македонија во игра за место во главната рунда на Европското првенство.

ШТО НИ ТРЕБА ЗА ТОП 12?

Ако Данска очекувано ја совлада Романија, тогаш Романците ќе бидат отпишани од трката за првите две места.

Македонија во моментов има негативна гол-разлика од -12, додека Португалија е на +6.

По второто коло Данска би имала 4 бода, Португалија 3, Македонија 1, а Романија ниту еден бод пред последното коло. Под претпоставка во третото коло Данска да ја победи Португалија, а ние Романија ќе работат дигитроните.

Тогаш на табелата Данска ќе има шест, Португалија и Македонија по три бода, а на крајот ќе решава гол-разликата на двете селекции. За да се комплетира чудото ние треба да оствариме што повисока победа над Романија, а Португалија да загуби од Данска што поубедливо и на крајот ние да имаме подобра гол-разлика од „хероите од морето“.

Збирот на гол-разликите од евентуалните победи на Данска и Македонија треба да биде 19 – на пример Македонија ако слави со пет разлика над Романија, Данска треба да слави со 14 над Португалија за нашата селекција да биде второ место итн…