Македонскиот национален сервис ќе ги пренесува натпреварите од Светското првенство што од денеска до 2 февруари ќе се игра во пет града во Хрватска (Загреб, Пореч, Вараждин), Данска (Хернинг) и Норвешка (Осло).
Покрај натпреварите на Македонија против Унгарија, Холандија и Гвинеја, МТВ ќе пренесува уште 13 натпревари од првата фаза на Мундијалот.
Термините се 18:00 и 20:30 часот, а ќе има денови кога ќе се пренесуваат и по два меча паралелно на првиот и третиот канал.
Потоа од главната рунда термините за натпреварите се 15:30, 18:00 и 20:30 часот, а дополнително ќе биде познато кои натпреварите ќе одат во преноси, меѓу кои секако ќе бидат оние на Македонија, доколку нашата селекција се пласира.
Светско првенство 2025, распоред на преноси:
14.01.25 – ВТОРНИК
18.00 / ФРАНЦИЈА – КАТАР (МТВ 1)
20.30 / АВСТРИЈА – КУВАЈТ (МТВ 1)
15.01.25 – СРЕДА
18.00 / ХОЛАНДИЈА – ГВИНЕЈА (МТВ 1)
20.30 / УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (МТВ 1 + МТВ 3)
16.01.25 – ЧЕТВРТОК
18.00 / КУВАЈТ – ФРАНЦИЈА (МТВ 1)
20.30 / ТУНИС – ДАНСКА (МТВ 1)
17.01.25 – ПЕТОК
18.00 / ХОЛАНДИЈА – МАКЕДОНИЈА (МТВ 1 + МТВ 3)
20.30 / ШВАЈЦАРИЈА – ГЕРМАНИЈА (МТВ 1) + ГВИНЕЈА – УНГАРИЈА (МТВ 3)
18.01.25 – САБОТА
18.00 / ФРАНЦИЈА – АВСТРИЈА (МТВ 1)
20.30 / ДАНСКА – ИТАЛИЈА (МТВ 1)
19.01.25 – НЕДЕЛА
18.00 / МАКЕДОНИЈА – ГВИНЕЈА (МТВ 1 + МТВ 3)
20.30 / УНГАРИЈА – ХОЛАНДИЈА (МТВ 1)
20.01.25 – ПОНЕДЕЛНИК
18.00 / ФРАНЦИЈА – АВСТРИЈА (МТВ 1)
20.30 / ШВЕДСКА – ШПАНИЈА (МТВ 1) + СЛОВЕНИЈА – ИСЛАНД (МТВ 3)