Што е заедничко за Маркоски, Кузмановски и Пешевски?

Рекордери со по шест одиграни Европски првенства во кариера во македонскиот дрес се дуото Кирил Лазаров и Стојанче Стоилов.

Тие беа дел од ЕП 2012 до ЕП 2022, иако Лазаров на она „корона првенство“ во Унгарија и Словачка беше во ростерот, но не заигра.

На ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка, ќе им се придружи триото Никола Маркоски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски.

Маркоски дебитираше на ЕП 2014, додека Пешевски и Кузмановски откако дебитираа на ЕП 2016 во Полска немаат пропуштено континентален собир, додека Маркоски не играше на ЕП 2020.

По пет пати на ЕП имаат играно Борко Ристовски, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, а од актуелниот ростер по петти пат на континетално првенство ќе играат Никола Митревски и Мартин Велковски.