Што е следно за младинките на ЕП – двобој со Швајцарија, а потоа со Словенија или Португалија

Женската младинска репрезентација на Македонија по поразот од Исланд ќе се пресели во битките за пласман од 17 до 24 место на Европското првенство во Црна Гора.

Избраничките на Симе Симовски најпрво ќе се соочат со Швајцарија, а доколку слават во разигрување за пласман од 17 до 20 место, во спротивно ќе играат за пласман од 21 до 24 место.

Доколку победат ќе следува натпревар со победникот од дуелот меѓу Словенија и Португалија, а доколку загубат од Швајцарија, ќе играат со поразениот од претходно споменатиот натпревар.

Натпреварот со Швајцарија е закажан за утре од 17:00 часот, а потоа следува нова пресметка на 18 јули, додека онаа за конечниот пласман ќе се одигра в недела на 20 јули.