Еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот, Арпад Штербик, по подолго време одново е во Македонија.
Тој допатува за спектаклот што ќе се одржи во среда во СЦ „Јане Сандански“ за јубилејот на Спортско Радио 90,3 фм и веќе ужива во средбите со некогашните соиграчи.
Штербик го посети ресторанот на македонската легенда Петар Ангелов-Диви во Кавадарци и заедно евоцираа спомени од настапите во Вардар.
Некогашниот чувар на мрежата на Барселона, Вардар, Сиудад Реал, Веспрем…последниот ангажман го имаше во стручниот штаб на Веспрем како тренер на голмани до август годинава, а во моментов не работи никаде.


























