Шпански предизвик за Ѓорче Петров

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе се соочи со шпанскиот Елче во битката за пласман во осминафиналето.

„Лавиците“ беа привилегирани и со висок рејтинг во ова натпреварување, па затоа го скокнаа второто коло.

Ова е познат ривал за Ѓорче Петров, бидејќи пред две сезони двете екипи играа во четвртфиналето на истото натпреварување. Шпанскиот тим тогаш славеше два пати, а потоа и го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп.

Првиот натпревар ќе се игра на 8/9 ноември во Елче, додека реваншот ќе биде на програмата на 15/16 ноември во Скопје.