Шпанска свирка за Вардар во битката за прво место

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последното четврто коло од главната рунда во Лигата на Европа.

Македонскиот вицепрвак Вардар ќе му гостува на бундеслигашот Мелсунген во битката за првото место, а ЕХФ за овој меч делегираше судии од Шпанија.

Станува збор за Раул Ојарзун и Ариц Зарагета, додека делегатот доаѓа од Турција – Ајберк Дилмен.

Натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар се игра утревечер во „Ротенбах Арена“ во Касел со почеток во 20:45 часот.