Шпанска колонија во Партизан – Раул носи двајца сонародници!

Актуелниот шампион на Србија, Партизан, започна сериозна реконструкција на тимот во пресрет на следната сезона, со јасна амбиција – настап во Лигата на шампионите.

Во белградскиот клуб се надеваат дека најавеното проширување на елитното европско натпреварување ќе им донесе место меѓу најдобрите клубови на Стариот континент, па затоа раководството веќе работи на засилување на составот.

Едно од новите имиња во таборот на „црно-белите“ треба да биде искусниот дефанзивец Илија Абутовиќ од Еурофарм Пелистер. Но новиот тренер Раул „Ел Команданте“ Гонзалез има план да донесе уште неколку засилувања, меѓу кои и двајца шпански ракометари.

Според информациите на „Handball Basсе“, на пат кон Белград се левото крило Мигел Санчез Мигаљон и централниот бек Алехандро Барбеито.

Двајцата ракометари во моментов настапуваат за португалска Бенфика, а македонската публика имаше можност да ги види и на натпреварите против Вардар оваа сезона.

Доколку трансферите се реализираат, тие би требало да бидат дел од амбициозниот проект на Партизан за пробив на европската сцена.