Селекцијата на Шпанија го освои трофејот на турнирот во Кастелон, откако во финалето ја совлада Норвешка со 33-31.
Иако во првиот дел скандинавскиот ривал диктираше темпо и имаше контрола над резултатот, сепак „фуријата“ во второто полувреме успеа да направи пресврт.
Дани Фернандез со девет и Алекс Душебаев беа најдобри стрелци со девет, односно пет гола, додека кај Норвешка се истакна Грондал со 12 погодоци.
Петтото место го освои селекцијата на Египет ja совлада Словачка со убедливи 39-24, додека во битката за трето место Романија славеше минимално против Аргентина со 31-30.