Младинската репрезентација на Шпанија е старо нов-шампион, откако во финалето на Европското првенство славеше против Португалија со 35-31.
Ова е трета титула по ред за младите категории во шпанскиот ракомет, бидејќи Шпанија е актуелен кадетски и младински шампион.
Победата беше обезбедена уште по првиот дел, кога Шпанија поведе со седум гола, 20-13, а во второто полувреме Португалците заиграа подобро, но немаа ниту сили, а немаше ни време за некаков камбек.
Предводник на Шпанија беше Феран Кастиљо, кој имаше блескава партија и погоди 11 пати од 11 удари, додека кај Португалија се истакна Мигел Оливеира со исто толку погодоци.
Третото место го освои селекцијата на Данска, која славеше против Германија со три гола, 26-23.