, Spain vs France, EHF Men's Euro 2026, Herning, Denmark, 26.01.2026, Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

Шпанија ја шокира Франција и ја врати чекор назад во битката за полуфинале!

Европскиот првак Франција направи чекор назад во битката за полуфиналето на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, откако загуби од елиминираната Шпанија со 36-32.

Иако овие бодови не и значеа многу на „фуријата“, сепак Шпанија сакаа да покажаа дека трите порази во серија се минато, одиграа храбро и му ги расипаа сметките на европскиот шампион, кој сигурно очекуваше сигурен триумф.

Сега Франција остана на четири бода на третото место, зад Данска и Германија кои имаат исто толку, но и меч помалку, додека Шпанија остана последна со два бода. На делба на четвртото место се Португалија и Норвешка со по три бода.

Сергеј Ернандез беше човек на одлука и запиша 14 одбрани на шпанскиот гол, додека Баруфет имаше десет гола од 11 обиди. Кај Франција, голманите Дебоне и Болзанже комбинираа 12 интервенции, а Мин беше стрелец на седум гола.

Беше 8-8 по петнаесетина минути, но тогаш Шпанија го направи клучниот чекор кон триумфот. Ернандез бранеше одлично, а неговите соиграчи казнуваа во нападот за 12-8, а предноста до паузата беше зголемена и на шест гола, 20-14.

На стартот на вториот дел „фуријата“ отиде и на седум плус, 23-16, пред Франција да покаже знаци на живот. Постигнаа европските шампиони четири гола во серија, намалија на 23-20.

Шпанците влегоа во „црна дупка“, но таа траеше кратко време. Франција серизоно се закани и стигна до минус еден 26-25, но тие што се понадеваа дека ќе следуваа комплетен пресврт, се излажаа.

Наместо тоа, Ернандез му одбрани шут на Брие, Наи доби две минути исклучување, потоа не реализираше ниту Деска, а Шпанија си врати дел од предноста и погодуваше за 28-25, а до крајот успеа рутински да ја задржи предноста.