Шпанија го освои трофејот на Европското отворено првенство

Кадетите на Шпанија беа најдобри на Европското отворено првенство во Шведска, откако во финалето ги совладаа врсниците од Исланд.

„Фуријата“ славеше против „рибарите“ со 31-30, а победата беше најавена уште по првиот дел кога беше 17-13.

Европското отворено првенство оваа година се играше со ракометари до 19 години како дел од „Партиле Купот“ во Гетеборг, а за повеќето селекции ова беше добар тест пред Светското првенство за кадети во Египет.

Шпанците практично ја одбранија титулата од пред две години, кога првенството се играше со ракометари до 17 години.

Во мечот за бронза селекцијата на Хрватска ја победи Шведска.