Селекцијата на Шпанија е 28 учесник од Европа на претстојното Светско првенство за младинки што ќе се одржи во 2024 година во Македонија.
Шпанките со четири победи над Италија, Хрватска, Србија и Фарски Острови, го освоија првото место на квалификацискиот турнир што се играше во Врњачка Бања.
Претходно покрај нашата репрезентација како домаќин, пласман на СП обезбедија 13 европски селекции од младинското ЕП, по пет репрезентации од африканското и азиското првенство, како и три од Средна и Јужна Америка.
Допрва треба да се одиграат интерконтиненталниот ИХФ трофеј во март догодина плус првенството на Северна Америка и Кариби, па да бидат комплетирани учесниците, а многу веројатно е дека ИХФ ќе додели уште две вајлд-карти.
Светското првенство во Македонија со 32 селекции ќе се игра од 19 до 30 јуни следната година.