Женската кадетска репрезентација на Шпанија е нов светски првак, откако славеше против Данска во интересен натпревар со 23-22.
Иако на полувремето на водеше скандинавскиот тим со 11-9, сепак на крајот „фуријата“ беше таа која се радуваше на Мундијалот во Кина.
На финалето во кинескиот град Чужу беше поставен нов светски рекорд со 6.003 гледачи, а Шпанија ја продолжи победничката серија од седум меча и на осмиот славеше уште еден триумф.
Иако лани играа на ЕХФ шампионатот, а не на ЕП, за една година напредуваа толку многу што се искачија на светскиот трон.