Шпанецот Гордо е нов селектор на Турција

Ракометната федерација на Турција денеска го промовираше новиот селектор на машката сениорска репрезентација.

Нов предводник на Турците е шпанскиот стратег Даниел Гордо, кој паралелно ќе ја извршува функцијата со тренерската во Адемар Леон.

Гордо во својата тренерска кариера беше главен тренер на египетскиот Ал Ахли, белорускиот шампион Мешков Брест, Нава од Шпанија….

Како што е познато, откако Турција беше елиминирана од Италија во квалификациите за настап на СП 2025, отказ доби довчерашниот селектор Окам Халај.

Прв предизвик за Гордо на новата функција ќе му бидат квалификациите за Европското првенство 2026 година што ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.