Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, дополнително повика уште еден ракометар пред пресметките со Романија и Австрија на ЕП.
Рибера го повика ветеранот Виран Морос, кој влегува во составот по повредата на Мигел Санчез Мигаљон, кој заработи скршеница на левата рака и го заврши настапот на ЕП.
Морос настапува во швајцарскиот Фади Винтертур, играше во Лигата на Европа на високо ниво и ќе може да помогне на шпанската одбрана која прими 39 гола на мечот со Хрватска.
Шпанија ја очекуваат уште средбите со Романија и Австрија, на кои со победи ќе се пласира во главната рунда на ЕП.