Шпанската федерација одлучи да го повлече од употреба дресот со број 9 во женската репрезентација и со тоа да и се заблагодари на легендарната Марта Манге.
Пред мечот од квалификациите за ЕП 2024 против Македонија, претседателот на шпанската федерација, Франциско Веласкез и додели врамен дрес на Манге и официјално ја испрати во репрезентативна пензија.
Манге во нејзината кариера има одиграно 301 натпревар во дресот на Шпанија и е рекордерка по бројот на постигнати голови на вечната листа на стрелци – 1034 погодоци.
Таа дебитираше за националниот тим во 2001 година на 17 години, а нејзиниот последен настап беше на СП 2017 година. Во клупската кариера го носи дресот на Бур Де Пеж иако веќе има 40 години, а претходно играше за Рокаса, Валенсија, Рибароха, Есбјерг, Зајечар, Флери Луар и Брест Бретањ.